Папата призна дека свештеници сексуално малтретирле калуѓерки

Папата Франциско призна дека свештеници сексуално малтретирале калуѓерки, како и дека тоа сè уште се случува. Би-би-си објави дека папата рекол оти неговиот претходник Бенедик морал да згасне една целo собрание на калуѓерки кои биле силувани од свештеници.
Ова е првпат папата Франциско да признае дека свештеници сексуално малтретирале калуѓерки. Папата нагласил дека црквата се обидува да го реши тој проблем, но дека проблемот и натаму постои.


Папата Бенедикт беше доволно храбар да укине едно цело женско собрание и тоа поради ропство во кое жените влегуваа во тоа собрание, ропство кое одеше сè до сексуално ропство и тоа од страна на свештеници или од самиот основач на редот, рекол папата пред новинарите на Блискиот Исток.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.