Папата Франциск утре треба да биде пуштен од болница, по пет недели поминати во неа поради воспаление на белите дробови.
Папата Франциск, кој има 88 години, од 14 февруари се наоѓа на лекување во болницата Гемели во Рим поради тешка респираторна инфекција.
Ватикан претходно објави дека тој ќе се појави на прозорецот од неговата болничка соба во недела за да даде благослов, пишува skynews.