Папата Франсиск во вторникот ја прослави својата инаугурална литургија на Плоштадот на Свети Петар во Ватикан, во присуство на верски и политички челници од целиот свет, како и мноштво насобрани верници, со што и формално го започна својот понтификат.На почетокот од папството на Франсиск, досегашниот бискуп на аргентинската престолнина Буенос Аирес Хорхе Марио кој од изборот минатата седмица со својата скромност и проповедање на милосрдието стекна широки симпатии во светот, поттикна нови надежи во обновување на Римокатоличката црква потресена од многу педофилски скандали, лошото управување, финансиски малверзации, истекување на доверливи информации и наводни уцени на ватикански геј лоби групи.Во кусата проповед во текот на литургијата, папата Франсиск повторно ги нагласи својата оддаденост кон сиромашните и искористуваните. „Вистинската помош на некој папа се состои во понизното, конкретно служење“, изјави папата повикувајќи го свештенството „да не се плаши од нежноста“. Новиот аргентински Папа, прв не-европеец во 1.300 години, оцени дека должноста на папата е „да ги рашири рацете и нежно да го прегрне целото човештво, особено најслабите, најсиромашните и најмалите“. Не смееме да се плашиме од добрината, како ниту од нежноста“, истакна папата Франсиск во својата проповед, пренесува AFP.Папата Франсиск притоа ги повика верниците да ги почитуваат сите живи суштества и животната околина. „Грижете се за луѓето, однесувајте се со љубов кон сите, за секој човек, особено за децата, старите лица, послабите и тие, коишто често се на крајот од нашите срца“, рече понтификот обраќајќи и’ се на многубројната маса.Со посебно барање папата Франсиск се обрати до „економските, политичките и општествените челници“, барајќи од нив да ги заштитуваат и да се грижат за луѓето, природата и дека сите мора да ги почитуваат „Божјите суштества“. „Да не дозволиме знаците на уривање и смртта да го придружуваат нашиот свет“, рече поглаварот на 1,2 милијарда католици во светот.„Сé е доверено на чување на човекот. Кога човекот е несовесен, кога не се грижиме за другите суштества и за браќата, владее уништувањето“, рече папата Франсиск.Аналитичарите на состојбите во Ватикан потенцираат дека новиот Папа испратил дополнителни сигнали за промени избирајќи многу поедноставна литургија отколку неговиот претходник кој ненадејно се повлече од службата во февруари, Бенедикт Шеснаесетти. Свечената инаугурална литургија папата Франсиск ја скуси за малку повеќе од еден час, додека инаугуралната литургија на папата Бендикт Шеснаесетти траеше цели три часа.На почетокот од инаугуралната литургија со којашто папата Франсиск официјално е востоличен на светиот престол на Свети Петар, тој ги прими симболите папската моќ. Кардиналот архиѓакон Жан-Лиу Туран ја стави на неговиот грб палијата, а потоа деканот на Кардиналскиот совет, италијанскиот кардинал Анџело Содано, кој инаку важеше за еден од фаворитите за наследник на Бенедикт Шеснаесетти, на левата рака му го стави рибарскиот прстен.По проповедта на папата, молитвата беше кажана на пет јазика, руски, француски, арапски, свахили и кинески.На централниот ватикански плоштад и околните улици по убавото сончево време се собраа околу милион луѓе, што претставува најголем масовен собир во Рим од свеченоста на беатификацијата на покојниот папа Јован Павле Втори на 1-ви мај 2011 година кога присуствуваа 1,5 милион верници, забележува Reuters.На литургијата пред базиликата Свети Петар присуствуваа во првите редови и 132 странски делегации, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорге Иванов и многу шефови на држави и влади од целиот свет, како и високо свештенство на најголемите светски религии.Особено треба да се одбележи дека во Ватикан присуствуваше и екуменскиот патријарх Вартоломеј, што е првпат духовниот челник на Православната црква на присуствува на инаугурална литургија на некој папа од големиот црковен раскол во 1054 година.Со сирени и надлетување на хеликоптери, центарот на Рим и околината на Ватикан беа под опсада, а во обезбедувањето на церемонијата беа ангажирани над три илјади припадници на безбедносните сили, најмногу од нив во цивил.Папата Франсиск пред литургијата пристигна на Плоштадот на Свети Петар во бела папска одежда и беа пелерина во отворениот папамобил, стоејќи се и со насмевка поздравувајќи ја масата верници во која се вееја знамиња од целиот свет.
МакфаксПапата Франсиск во вторникот ја прослави својата инаугурална литургија на Плоштадот на Свети Петар во Ватикан, во прис