Папата Франциско ја осуди трговијата со луѓе

Папата Франциско денеска го повика целиот свет да се спротивстави на „срамното злосторство“ – трговијата со луѓе.
За време на редовното неделно обраќање пред илјадници верници на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, Папата истакна дека трговијата со луѓе честопати се поврзува со шверцот на мигранти.
Тој ја осуди трговијата со деца и возрасни кои завршиле како робови на принудна работа, сексуална индустрија и трговија со органи.


– Обединетите нации во понеделник ќе посветат внимание на борбата против шверцот со луѓе. Шверцерите дури користат и миграциски рути за искористување на жртвите, рече папата Франциско.
Првиот човек на Римокатоличката црква ја предупреди јавноста дека жртвите на трговија со луѓе се во сите средини, вклучувајќи го и Рим каде се наоѓа Светата столица. Тој укажа и на проблемот со проституцијата во Рим.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.