Папата Франциск доаѓа во Скопје, на молитвата на стадион се очекуваат 40-50 илјади луѓе

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциско, ќе го посети Скопје на 7. мај годинава. Веќе е позната неговата агенда во главниот град. Тој ќе одржи молитва на стадионот „Филип Втори“, каде што се очекуваат 40-50 илјади луѓе да присуствуваат нна посетата.


„Тој ќе одржи молитва на стадионот во Скопје, каде што очекуваме да бидат присутни 40-50 илјади луѓе. Потоа ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза, каде што на врвот има црква, и ќе одржи молитва“, изјави Ариан Аслани, директор на спомен куќата „Мајка Тереза“.
Папата Франциск во Северна Македонија ќе дојде од Бугарија, каде што ќе биде во периодот од 5 до 7 мај и ќе ги посети Софија и Раковски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.