Папата Франциск изрази сочувство до семејствата на загинатите

Папата Франциск, преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин, испрати порака на сочувство по повод трагедијата во ноќен клуб во Македонија каде што загинаа речиси 59, главно млади луѓе. Папата изрази „искрено сочувство со семејствата на починатите“, како и „својата духовна близина со повредените“, во известувањето испратено до скопскиот бискуп Киро Стојанов. Во своето обраќање, папата Франциск ветува дека во неговите молитви ќе ги вклучи оние кои ги загубија своите животи, и бара „небесен спокој за тие што страдаат поради последиците“ од ова горчливо искушение.
The post Папата Франциск изрази сочувство до семејствата на загинатите appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: