При утрешната посета на нашата земја се очекува папата Франциск да се вози низ скопските улици во специјалното возило наречено “папамобил“. Најчесто тоа се користи при посетите на папата во странство, бидејќи низ Ватикан ретко патува.
Специјалниот автомобил наречен “папамобил“ се користи од 1929 година, кога за прв пат било дизајнирано специјално возило за папата. Се работи за отворено возило со специјален стаклен дел во кој е поставена кралска столица. На неа седи папата и им отпоздравува на собраните верници кои го дочекуваат на улиците за да го поздрават.