Папата Франциск го прогласи Антони Гауди, архитектот на култната катедрала Sagrada familia во Барселона, за „преподобен“ поради неговите херојски доблести, што е прв чекор на патот да стане римокатолички светец, објави Анса.
Гауди, кој почина откако го удри трамвај во 1926 година на 74-годишна возраст, го дизајнираше модернистичкото ремек дело „Sagrada familia“ во 1883 година, а по Првата светска војна ја посвети целата своја енергија на изградбата, поминувајќи ги последните години од животот во католичка посветеност.
Прогласувањето на Гауди за светец беше иницирано од надбискупијата на Барселона во 1998 година, а такво барање беше испратено до Ватикан во 2003 година.