Париз издаде „шопинг пасош“ за туристи

Градот Париз издаде „шопинг пасош“ со цел да ги тргне туристите од улиците и да ги внесе во продавниците.Шемата предвидува заштеда во стотици бутици низ францускиот главен град.Со цел да се зголеми профитот на локалните бизниси, Париската туристичка канцеларија го издаде овој пасош, со кој се овозможува попусти од 10 отсто во повеќе од 270 бутици.Во 2011 година, француската престолнина привлече 29 милиони туристи, а 45 отсто од нив го користат своето време купувајќи во продавници. Според бројките коишто ги објави францускиот дневник Direct Matin, Париз ги надмина Лондон и Милано како најпосакувана светска шопинг дестинација.И новата иницијатива треба да придонесе Градот на светлината да се најде на врвот на листата на најпосакувани шопинг дестинации.Пасошот е розова кредитна картичка и може да се употребува три дена едно по друго, кога еднаш ќе биде употребена.Според Direct Matin, Кинезите, Јапонците и Мексиканците се туристи што неодоливо се привлечени од париските бутици, а еден просечен Кинез троши 1.400 евра на едно патување во продавниците.Според Париската туристичка канцеларија, странските туристи во продавниците на Градот на светлината трошат 3.75 милијарди евра годишно.
МакфаксГрадот Париз издаде „шопинг пасош“ со цел да ги тргне туристите од улиците и да ги внесе во продавниците.

Пронајдете не на следниве мрежи: