понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Парламентарните избори во Германија на 23 февруари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер го распушти Бундестагот и најави предвремени парламентарни избори за 23 февруари 2025 година.„Во тешки времиња потребна е функционална влада“, рече Штајнмаер во објаснувањето на својата одлука.„Затоа сум убеден дека новите избори се вистинскиот пат за благосостојбата на нашата земја“, изјави Штајнмаер, пренесуваат германските медиуми.Политичките партии во Германија веќе се договорија датумот на избори да биде 23 февруари, но за тоа беше потребно распуштање на Бундестагот во согласност со член 68 од германскиот Устав.Минатиот понеделник канцеларот Олаф Шолц побара доверба од Бундестагот и го загуби гласањето откако се распадна владејачката коалиција, пренесува „Танјуг“.Тој тогаш му предложи на сојузниот претседател Бундестагот да се распушти и со тоа да се отвори вратата за нови избори, а според Уставот, сојузниот претседател тоа може да го направи во рок од 21 ден, но не е должен да го стори тоа.

Поврзани вести