Партизан му гостува на МЗТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм, во сабота, ќе го одиграат последниот натпревар на домашен терен во АБА лигата, во оваа сезона. Во претпоследното, 25.коло, на МЗТ ќе му гостува Партизан, најтрофејниот тим во историјата на Јадранската лига.

МЗТ во мечот влегува со желба да го поправи впечатокот од минатото коло, кога загуби во Унгарија од Солнок, додека Партизан има императив на победа, со која практично би си го обезбедил настапот на завршниот турнир.„Ни гостува екипата на Партизан, а сите знаеме дека се работи за одличен тим. Тоа е голем натпревар за нас, еден тест за нашата екипа, за нашите играчи, пред продолжетокот на сезоната. Мотивацијата за овој меч не е воопшто спорна, ќе играме пред нашите навивачи и мораме да го одиграме најдобриот меч досега за да го изненадиме фаворитот“, изјави за клупска интернет страница тренерот на МЗТ, Алеш Пипан. Здравствениот билтен кај домашниот тим е поволен и сите, со исклучок на Стефан Турањанин-Поповски се подготвени за овој натпревар. Дуелот помеѓу МЗТ и Партизан, во арената „Борис Трајковски“ ќе започне во 19 часот.
Макфакс
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм, во сабота, ќе го одиграат последниот натпревар на домашен

Пронајдете не на следниве мрежи: