Партијата на Мицковски пред расцеп по прашањето на референдумот

Далеку по ветениот августовски термин за став на десети септември по највиталното прашање на сите времиња за Македонците, партијата на Мицковски наместо со јасен став и заштита на интересите на Македонскиот народ – сеуште нема став. 
Според наши извори од внатре во партијата, поточно во „Белата палата“ вистинска драма се одвива помеѓу три фракции. Едни се за да се остане сепак поблиску до членството по принципот ни змија ни девојка. Имено членството, над 80 проценти е за бојкот и ја разбира опасноста да се премине „во ништо“ по имплементацијата на Грчкиот договор (кованица на Иванов, прим. ав.) Така оваа група стиска да се даде право на членството да се изјасни самото. Тоа ни оддалеку нема да е до изјава за Бојкот, но остава надеж дека некој од членовите ова ќе го доживее како „стратегија“ и нема смртно да и се налути на партијата. Иако нема гаранција и информациите говорат декасе забележува историски одлив и пасивизација на членството.
Втората група е околу Пеце Бунтур и Богданов кои што јасно се произнесоа дека „машки“ ми ти било да се гласа на референдум. И со тоа да се даде ЦЕНЗУС на истиот. Но така Мицковски и таа булумента ќе останеле во милост на странците и немале да идат во изолација… Да не страшно, ќе беше комично. И конечно третата група – тивкото мнозинство. Кое не знае кој пат да го фати. Молчат, тераат сеир и пренесуваат информации на сите страни.
Тешко на партијата со ваков состав. А уште потешко на Македонскиот народ кој во неа се колнеше.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.