Партијата пред државата: Тошковски спроведува партиски активности во работно време?

Министерот Панче Тошковски во работно време извршува партиски активности, информираат жители на Пробиштип кои се обратија до редакцијата на Инфомакс со цел запознавање на јавноста со активностите на техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Денеска министерот беше во посета на Пробиштип, со обезбедување од МВР заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, за што се споделени и фотографии на социјалните мрежи.

Граѓаните велат дека Тошковски дошол во Пробиштип во 14 часот, со обезбедување од десетина луѓе, а тоа предизвикало низа негативни реакции меѓу жителите на Пробиштип.

Пронајдете не на следниве мрежи: