Парче торта и сок ја чинело цело богатство- платила ненамерно 6.400 евра!

Олесја Шемјакова од Русија била на патување во Цирих каде посакала да се почести со чоколадна торта и сок. Си порачала од намерениот десерт кој чинел 20 евра и сметката ја платила со картичка.

Две недели подоцна кога ја проверувала својата сметка видела дека од нејзината картичка се повлечени 6425 евра. Олесја била во шок.

„Го внесов својот пин за да платам со картичка, но плаќањето не беше успешно. Тогаш го внесов пинот по втор пат и сметката беше платена. Претпоставив дека платив 20 евра, колку што изнесуваше сумата на сметката“, вели Олесја.

Според неа, поради слабото познавање не германскиот јазик, наводно не разбрала дека кога мислела оти по втор пат го внесува пинот, а таа всушност ја внесувала сумата која ќе ја плати со картичката. Според тоа, испаѓа дека оставила бакшиш од 6.400 евра.

Тоа го заклучила кога ја проверила сметка бидејќи сумата која била повлечена одговара на пин бројот од нејзината картичка. Сега со помош на банкарска интервенција се обидува да ги добие парите назад но нејзините обиди засега се безуспешни.

Се огласил и сопственикот на кебапчилницата, Ченгиз Гокдуман, каде всушност Шемајкова уживаше во десертот кој ја чинеше цело богатство, тојизјавил дека Шемјакова наскоро ќе си ги добие парите назад, а таа се надева дека неговото ветување не е само празни зборови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.