Пар веднаш зажали што отвори порака во шише што го најде на плажа
Една од првите лекции што ги учиме во школо е да ги читаме прашањата на тестовите внимателно. Но, многу луѓе не ја применуваат оваа лекција во животот, а еден пар од Австралија е совршен пример за тоа – реагирале пред да ја прочитаат целата порака.
Австралијците Кристал и Рик објавија видео на TikTok во кое ја споделија својата грешка – и видеото брзо стана вирално.
Во клипот тие објаснуваат: „Видовме едно шише што се изми на брегот. Изгледа како да има порака внатре.“
Рик, возбуден што ќе ја извлече пораката, брзо ги истура песокливите остатоци од шишето на плажата и ѝ го подава писмото на Кристал.
Но, веднаш сфаќаат дека тоа не било песок. Во шишето имало човечки пепел. И тоа на човек по име Џеф. 😳
Упс.. Извини Џеф.
Ако ништо друго, можеме да замислиме и полоши места каде што човек би можел да заврши отколку на сончева австралиска плажа. Но, писмото во шишето содржело и важна порака:
„Ако го најдете ова, ве молам фрлете го шишето во морето за да можам да го продолжам моето патување.“
Очигледно, Џеф го сакал морето и сакал неговата пепел да патува низ светот дури и по неговата смрт. Се надеваме дека бил барем некое време на отворено море пред да биде пронајден на плажата