“Пасат“ излетал од коловозот на Скудрински мост

Вчера во 08:15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Маврови анови- Дебар на Скудрински мост, Б.А.(32) од Р.Албанија управувајќи патничко моторно возило “Фолксфаген Пасат“ со албански национални ознаки излетал од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Џ.Б.(19) од Р.Албанија, која била пренесена во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид и Т.Е.(34) од Р.Албанија, кој бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.