Патникот за Келн ќе се знае по реваншот

Победата на Килеце во Скопје, против Металург, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампиони е заслужена, но во овој двомеч сеуште ништо не е решено е констатираа на прес конференцијата преставниците на двата тима.

„Првите 20 минути ги одигравме онака како што се договоривме, цврсто во одбраната, борбено во нападот. Во следните 20 минути кога започнавме да ги ротираме играчите, излегоа на виделина повредите на играчите поради кои не тренираа, поради тоа и падна темпото на нашата игра, сето тоа Килеце знаеше да го искористи. Металург не го одигра најдобриот натпревар и не одигра онака како што знае да одигра во одбраната. Кога се ќе се собере резултатот е реален, но за Металург ништо не е загубено, ние играме подобро во гости. Се надеваме дека здрави ќе заминеме за Килеце, каде што ќе се обидеме да одиграме еден добар натпревар, како што одигравме во фазата по групи“, рече асистентот на Червар, Александар Петровски. Капитенот на Металург Ванчо Димовски жали што не успеале да стигнат барем до нерешен резултат, но и дека сеуште ништо не е загубено. „Не се сеќавам кога во ЛШ примивме 27 голови, жалам што не успеавме да избориме нерешен резултат и таму да стартуваме од нула, вака ни преостанува, да заминеме таму (тие кои ќе бидат здрави) и да одиграме еден добар натпревар, дали ќе биде последен или не ќе видиме, ако не достојно да се простиме од Лигата на шампиони за оваа сеозна. Стратегот на Килеце, Богдан Вента е задоволен од победата, но веднаш предупреди дека за пласман на завршниот турнир неговите играчи ќе мора да одиграа уште еден натпревар. „Металург и Килеце направија голем чекор за ракометот во Европа. Првите 15 минути Металург одигра неверојатно во одбраната. Следната недела ќе го играме реваншот, ние сме во мала предност, но јасне го заборавам натпреварот кој го одигравме во ноември, тогаш Металург беше во предност 40 минути. Но ова победа е голем чекор за нас“, рече Вента.Реванш натпреварот во Килеце ќе се одигра на 28.април.
Макфакс
Победата на Килеце во Скопје, против Металург, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на

Пронајдете не на следниве мрежи: