Патници, внимавајте: Еве како да ги избегнете крадците додека сте на одмор

Железничките станици и аеродромите се совршени места на кои крадците дознаваат кои им се потенцијалните жртви.
Врз основа на податоците на сопствениците на патничките торби или податоците на пасошите кои луѓето ги фотографираат и ги објавуваат на социјалните мрежи, крадците лесно можат да сфатат чии куќи или станови ќе бидат празни некое време.
Затоа личните податоци со име и презиме не би требало да ги ставате во прв план на патничката торба. Исто така треба да избегнувате и налепници на багажот. Доколку сакате да ја намалите можноста да бидете ограбени, советот е да не објавувате на социјалните мрежи кога и каде ќе одите на одмор.


Со истакнување на ваквите информации, вашиот дом го изложувате на потенцијален ризик и можност да бидете ограбени. Не е необично крадците да ги гледаат видео-снимките и пораките на социјалните мрежи за да дознаат дали има некој во вашиот дом.
Препораката за корисниците на социјалните мрежи е фотографиите и снимките од патувањата да ги објавуваат дури кога ќе се вратат од патувањето, без оглед на тоа дали станува збор за патување од неколку дена или пак подолго патување.
И во едниот и во другиот случај можете да бидете жртва на крадците доколку сте невнимателни. Најдобро е своите впечатоци од патувањето да ги споделите кога ќе бидете во својот дом, на сигурно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.