Патници се затруле на лет кон Амстердам на американска компанија, пилотот принудно слетал

Претставниците на компанијата исто така потврдија дека труењето меѓу патниците во економска класа на летот DL136 навистина се случило минатата недела:„Нашиот тим за контрола на квалитетот и безбедност на храната веднаш стапи во контакт со добавувачите за да се изолира овој случај, а истрагата утврди каков пропуст се случил“, соопштија за медиумите.Летот бил пренасочен на аеродромот ЏФК, на патниците кои имаа проблеми им беше помогнато, а на сите им беше обезбедено сместување во хотел и билет за Амстердам на друг лет на трошок на компанијата, јавува CBS News.Официјалните лица велат дека дел од главниот оброк во економската класа, кој вклучувал пилешко, бил расипан, а медицинските екипи ги лекувале погодените патници кога слетале во Њујорк околу 4 часот наутро.На летот имало 277 патници, но „Делта“ не го објави точниот број на патници кои јаделе расипана храна. Извор запознаен со ситуацијата изјави за CBS New York дека околу 70 патници се пожалиле на симптоми на труење по конзумирањето на оброкот.На некои од оброците била забележана црна мувла. Еден патник рекол дека еден од другите патници рекол дека го изел пилешкото, но не го довршил бидејќи било многу кисело.Портпаролот на Делта изјави за CBS News дека авиокомпанијата „проактивно ја приспособила“ својата „услуга за оброци за време на летот на голем број меѓународни летови“ минатата среда и дека патниците од економска класа на околу 75 меѓународни летови по инцидентот со затруеното пилешко – понудиле тестенини.Инаку, овој инцидент се случи само еден ден откако летот на „Делта“ од Минхен за Детроит беше пренасочен кон Лондон, бидејќи на шест членови на екипажот им се слошило за време на летот „поради непријатна миризба“, што не погодило ниту еден од 229-те патници.

Пронајдете не на следниве мрежи: