Патничка го предвидела падот на украинскиот авион- пред трагедијата објавила фотографија и зборови кои ја замрзнуваат крвта

Патничка од украинскиот авион кој се сруши во Техеран веднаш по полетувањето имала претчувство дека ќе се случи несреќа.
Шејда Шадку пред полетувањето на авионот му се јавила на својот сопруг Хасан за да ја убеди дека сè ќе биде во ред и дека нејзините грижи се беспотребни.
Хасан за медиумите изјавил дека со својата сопруга, која се враќала од посета на нејзината мајка, разговарал околу 20 минути пред кобниот лет и дека таа му рекла дека е загрижена за ситуацијата помеѓу Иран и Америка и дека би можело нешто лошо да се случи.


Откако се качила во авионот, Шејда на Инстаграм поставила селфи фотографија со проштална песна.
„Јас заминувам, но… тоа што е зад мене ме загрижува. Зад мене, зад мене. Исплашена сум и за луѓето зад мене“ – напишала таа.
„Знаела. Погледнете го тоа лице, погледнете ја песната која ја поставила. Беше ангел. Многу ми е тешко“ – изјавил нејзиниот сопруг, а пренесуваат од „Daily Mail“.
Да ве потсетиме дека патничкиот авион „Боинг 737“ се сруши во понеделникот по полетувањето и во истиот настрадаа 176 патници и членови на посадата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.