Патнички воз излетал од шините кај Лакавица

Изутринава патничкиот воз кој сообраќа на линијата Кичево-Скопје удрил во карпа на шините во близина на гостиварските села Лакавица и Падалишта. Нема повредени, но е причинета материјална штета, а сообраќајот на тој дел од пругата е во прекин.
Во полициската станица Гостивар во 6:45 часот утрово било пријавено дека патничкиот воз кој тргнал од Кичево удрил во карпа на потегот помеѓу селата Лакавица и Падалишта. Од ударот композицијата излетала од шините.
По пријавувањето на местото на настанот е упатена екипа за увид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.