Патот до Беровско езеро прооден, се работи на расчистување на патот Берово-Струмица

Патот до Беровско езеро е прооден и исчистен од екипи на Територијалната противпожарна единица од Берово и од ЈП „Македонија пат“, информираа од Општина Берово, откако снежните врнежи ,,парализираа” дел од патните правци во Малешевијата.

Оттаму додаваат дека до туристичката населба Абланица е проооден пола пат, а тим на „Македонија пат„ се уште работи на отстранување на паднатите дрвја на патниот правец Берово-Струмица.

ДУИ: Албанците нема да бидат алатка на сценаријата на другите
По вчерашното срамно откритие, каде што изјавите на некои албански партии се покажаа дека се напишани во седиштата на македонските партии и потоа доставени за да се нападне ДУИ и нашиот лидер, Али Ахмети, …
КАКО НА ФИЛМ: Македонец бегајќи од косовската полиција се судрил па се открил голем шверц
Македонски државјанин бил уапсен од косовската полиција во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце откако бегајќи со возилото предизвикал судар. Во неговото возило е пронајдена голема количина шверцувана стока – облека и обувки. Косовската …

-Апелираме или поточно препорачуваме возачите да ги одложат предвидените движења на овој патен правец, истакнаа од Општина Берово.

Слична е состојбата и до Беровско Езеро каде, според информациите на локалната самоуправа, патот е чист до ВИП хотелот.

Напоменаа дека дежурни екипи ќе останат на терен до целосно нормализирање на состојбата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.