Министерот за здравство, Арбен Таравари, соопшти дека петмина од пациентите што се лекуваат надвор од државата се наоѓаат во критична состојба, иако нивната состојба варира. Во денешниот, седми ден, нема пријавени смртни случаи, истакна Таравари по редовниот состанок на кризниот штаб, каде што изнесе детали за пациентите од трагедијата во Кочани. Пациентите кои се во македонските болници се во стабилна и добра состојба, а се очекува деветмина од нив да бидат испишани на почетокот од неделава откако ќе завршат со токсиколошките и психолошките испитувања.
Дополнителни информации сподели и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, кој информира дека македонските пациенти се лекуваат во 14 различни земји. Тие вклучуваат: Србија, Бугарија, Турција, Грција, Шпанија, Австрија, Унгарија, Хрватска, Белгија, Литванија, Италија, Словенија, Шведска и Полска.
The post Пациентите во македонските болници се во добра здравствена состојба – информира Таравари appeared first on 365.mk.