Пациент спаси возач на брза помош

Пациент во доцен стадиум на карцином му спасил живот на возач на амбулантно возило кој добил срцев удар, преземајќи го управувачот и одвезувајќи го до најблиската болница, пренесуваат француските медиуми.

 Шеесетгодишниот пациент Кристиан Беје, за локалниот весник Voix de Nord раскажал дека возачот кој го возел на преглед во градот Лил доживеал срцев удар
„Му реков: дај ми ги клучевите, верувај ми!. Мојот живот не е во опасност, меѓутоа твојот е”, раскажал Неје.
Вели, исто така, дека на возачот во текот на возењето успеал да му даде средство против згрутчување на крвта. Единствено не можел да ја пронајде сирената на возилото, но успеал да го вклучи ротационото светло.
Според Фредерик Алиене, болничар во одделот за итна помош во градската болница во Ленс, да не бил Неје, возачот би можело да почине. Самиот Неје потоа бил префрлен во болницата во Лил на договорениот преглед.
Макфакс
Пациент во доцен стадиум на карцином му спасил живот на возач на амбулантно возило кој добил срцев удар, преземајќи го

Пронајдете не на следниве мрежи: