Брзата паштета од туна може да биде одлично решение за оние кои немаат многу време да подготват храна.
Состојки:
– 2 конзерви туна
– 1 лажица путер
– 2 лажици маслиново масло
– 2 чешниња лук
– 1 главица кромид
– една рака мелена слатка пиперка
– 1 кафена лажичка сенф
– 1 лажица свежи листови магдонос
– сок од половина лимон
– прстофат бибер
– 1/2 лажичка сол
Подготовка:
По желба додадете босилек, мајчина душица, власец, мајонез, крем сирење, каперси, кисели краставички, јајца, пченка…
Сите состојки ставете ги во блендер и матете додека паштетата не стане мазна.
Сервирајте во сад, посипете со сув власец за декорација и послужете со тост леб, крекери или омилено солено пециво.
Уживајте!