Паѓаат оставки во украинската влада – И Кулеба поднесе оставка

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба поднесе оставка, соопшти претседателот на Врховната Рада, Руслан Стефанчук.
„Врховната Рада на Украина доби оставка од министерот за надворешни работи на Украина Кулеба.“, напиша тој на социјалните мрежи.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека евентуалната оставка на Кулеба нема да влијае на никаков начин на изгледите на преговарачкиот процес.
„Не, нема да има никаков ефект. Тоа нема никаква врска со перспективите на преговарачкиот процес“, рече Песков.

Официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија ја коментираше оставката на Кулеба со зборовите: „Есента е време кога лисјата паѓаат, а гранките остануваат голи“.
Во своето вечерно обраќање Владимир Зеленски се обиде да ги објасни кадровските промени во владата на земјата. Тој тврди дека „есента ќе биде исклучително важна за Украина“, поради што било неопходно да се зајакнат одредени области во владата. Зеленски додаде дека промени ќе има и во претседателската администрација.

Зеленски вчера го смени заменик-шефот на Кабинетот Ростислав Шурма. Малку подоцна вицепремиерката на Украина и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук објави дека поднесува оставка. Вицепремиерката за европски и евроатлански интеграции Олга Стефанишина поднесе оставка, а според медиумите би можела да ја преземе функцијата министер за правда.
Оставки денеска поднесоа и министерот за стратешка индустрија на Украина, Олександар Камишин, министерот за правда Денис Маљусик, министерот за заштита на животната средина и природни ресурси Руслан Стрилтс и шефот на Фондот за државна сопственост Виталиј Коваљ.

Пронајдете не на следниве мрежи: