Паѓаат цените на недвижностите ширум светот

Глобалните цени на недвижностите паднаа во третиот квартал од 2023 година за 2,1 отсто на годишно ниво, на збирно и реално ниво. Интересно е што реалните цени на куќите и становите продолжија да паѓаат во развиените економии (-2,7 отсто во просек) побрзо отколку во земјите во развој (-1,6 отсто).

Сепак, се уште постојат значителни разлики меѓу одделни земји со ист економски статус, пишува Бизнис.рс.
Кај развиените земји индикативно е тоа што цените беа релативно стабилни во САД и Јапонија, додека нагло паднаа во еврозоната, Обединетото Кралство и Јужна Кореја, покажуваат најновите податоци што ги објави Банката за меѓународни порамнувања (БИС).
Споредено со цените веднаш по Големата финансиска криза од 2008 година, односно во последните 15 години, глобалните цени на недвижностите пораснале во просек за 23 проценти – 33 проценти во развиените земји и 16 проценти во економиите во развој, со фактот дека , како што споменавме, вторите сега ја прават разликата.

Глобалната слика е донекаде подобрена со ситуацијата во Централна и Источна Европа, како и во регионот на Блискиот Исток (пред новите конфликти во Појасот Газа) и делови од Африка.
Цените на недвижностите забележаа најголем пад во Луксембург (до 17 проценти), во Германија (-15 проценти), како и во Финска, Унгарија и Словачка (со -12 проценти).
Спротивно на тоа, вредностите на куќите и становите пораснаа најбрзо во Турција (+21 отсто), каде високата инфлација ги зголеми реалните цени, Обединетите Арапски Емирати (+17 отсто), Грција (+9.0 отсто, како последица на закрепнување на туризмот во овие постпандемиски земји), Филипините (+7,0 проценти) и Мексико (+6,0 проценти).

Пронајдете не на следниве мрежи: