Пијан педофил завчера нападнал три и пол годишно дете додека си играло со други деца на детско игралиште во Дебар маало.
Инцидентот се случил во вечерните часови. Случајот е пријавен во полиција, а педофилот е приведен.
Случајот го потврдија и од МВР.
– На 13.09.2023 во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
Педофилот видно алкохолизиран го дофатил детето и успеал да му ги соблече и панталоните и гаќичките, но за среќа негово другарче истрчало и ја повикало мајката која повикала полиција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.