Вчера во близина на основно училиште во Чаир педофил на велосипед вознемирувал деца. Според очевидци, среде бел ден педофилот пред ОУ „Живко Брајковски“ им зборувал вулгарности на девојчињата, а некои и ги допирал. Манијакот истото го правел и пред продавница во близина, но веднаш се оддалечувал со велосипедот.
Тој предизвикал вистинска паника кај децата кои се пожалиле на своите родители, како и на наставниците. За случајот била информирана и полицијата.
– Во Полициска станица Чаир е пријавено дека на улицата “Хо Ши Мин“ машко лице со велосипед вознемирувало граѓани. Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот, велат од МВР.
Педофилот бил снимен на безбедносните камери на околните објекти, а од снимките може да се забележи дека станува збор за релативно младо лице.