“Пежо“ излетало од патот, загинал возачот

Маж почина во сообраќајна несреќа во Прилепско, информира МВР. Вчера во 17:40 часот на локалниот пат село Крушеани-село Обршани, Прилепско, 59-годишниот В.К. од село Подвис, управувајќи патничко возило “Пежо 306“ со прилепски регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од патот.
По незгодата возачот со возило на Итна медицинска помош од Прилеп бил пренесен во болница во Прилеп, каде во 18:40 часот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.