Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги повика земјите од Блискиот Исток да не им дозволуваат на САД да водат војна на нивните територии.
„Ако сакате просперитет и безбедност, не дозволувајте САД и Израел да водат војна на вашите територии“, напиша тој на мрежата X, додавајќи дека Иран ќе изврши одлучувачки напад во случај на напад врз инфраструктурата и економските центри на Иран.
Постојано повторуваме дека Иран не спроведува превентивни напади, но дека ќе одговориме решително доколку нашата инфраструктура и економски центри бидат нападнати, рече тој.



