Пеколен бран доаѓа кон Македонија, температурата до 40 степени

Многу топло време со температура од 40 степени не очекува од средината на оваа седмица. Од УХМР информираат дека зголемена облачност со локални врнежи и дожд ќе има уште утре, а од среда следува период на многу топло време. Во среда и четврток попладне ќе има услови за
изолирана појава на пороен дожд со грмежи.
Утре максималната температура ќе се движи 24 до 36 степени, во среда од 29 до 37, четврток од 31 до 39 степени, петок од 32 до 40 степени, сабота од 30 до 39 и во недела од 29 до 38 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.