ПЕКОЛЕН ДЕН ВО УКРАИНА: Погодена термоцентралата број 6 во Киев и две трафостаници!

Во пожар гори електраната 6 во Киев и две трафостаници.

Руски крстаречки ракети ја погодија термоелектраната 6 во Киев со моќност од 500 мегавати, а погодени се и две трафостаници со моќност од 330 kw, со што најголемиот дел од градот остана без струја.

ПЕКОЛЕН ДЕН ВО УКРАИНА: Погодена термоцентралата број 6 во Киев и две трафостаници!

Термоцентралата Виница од утрово по трет пат на удар

Руските воздухопловни сили извршија трет ракетен напад врз термоцентралата во Виница, која утрово беше нападната двапати, а градот остана без струја, но и околината.

Одеса остана без струја

12.38 Одеса, третиот по големина град во Украина, остана без струја по жесток напад. Исто така, без струја останаа и голем број помали градови. Инаку, западно од градот на оддалеченост помала од 100 километри, забележани се руски ракетни корвети кои испалуваат крстаречки ракети.

Напад на Павловград

12.07 Руската авијација со проектили го нападна новиот железнички центар во Павловград. Непотврдени информации велат дека бил погоден воз кој превезувал опрема за украинската армија.

Започна лансирањето ракети од Белорусија

12:02 часот Руската армија почна да лансира крстосувачки ракети „Искандер К“ од Белорусија Градоначалникот на Кременчуг Малецки извести дека Русија од тој правец ја напаѓа Украина.

Започна нова фаза од нападот

Во 11:29 часот Руската армија на вториот ден од интензивните удари по енергетскиот сектор почна целосно да ја парализира железничката инфраструктура. Од рано наутро погодени се клучните трафостаници и железнички центри, особено на западот на Украина, кои водат кон Полска и Словачка, од каде најмногу оружје со железница пристигнува до властите во Киев.

Лавов повторно мета на руски ракети

11.06 Две силни експлозии утрово одекнаа во Лавов на западот на Украина. Се претпоставува дека се работи за крстосувачки ракети. Во градот повторно снема струја. Нема интернет во цел град

Сите училишта во Москва добија анонимни закани за бомби

10.35 – Сите училишта во Москва добија анонимни извештаи за поставени бомби. Извештаите најверојатно се испратени од територијата на Украина, изјави за Спутник претставник на Службата за вонредни ситуации.

Повторно погодена термоцентралата Виница

Во Виница два камикази беспилотни летала Шахед-136 ја погодија термоелектраната Ладижин, изјави шефот на тамошната регионална воена управа Сергеј Борзов, пренесува РТС.

„Извршен е напад на ТЕ Ладижине. 2 беспилотни летала камикази Шахед-136. Сите служби работат“, напиша Борзов на Телеграм.

Нови податоци за уништената електрична мрежа на Украина

Украина објави дека во претходните руски напади биле погодени и оштетени 8,22 gW термоцентрали, со што оваа земја останала без 15 отсто од вкупното производство на електрична енергија и 30 отсто од топлинската енергија.

Цела Украина под напад

Киевска, Николаевска, регионот Одеса се под руски ракетен напад. Детонациите одекнаа и во Лавов.

Регионот Ивано-Франковск под тревога

Украинските власти соопштија дека постои голема опасност Ивано-Франковската област да биде цел на денешниот напад на руската авијација.

Житомир, Тернопиљ и Ровно повторно биле нападнати

Напади со крстосувачки ракети на Житомир, Тернпиљ и Ровно.

Напад на инфраструктура во Одеса

Целта на руските крстосувачки ракети во Одеса е инфраструктурата.

Тупољевите лансираа ракети во Одеса

Утринава нападот со крстосувачки ракетен H-101 повторно беше извршен од руски стратешки бомбардери ТУ-95 МС од областа на Каспиското Езеро, од каде што руската стратешка авијација веќе подолго време извршува напади врз цели во Украина.

Воздушна опасност прогласена низ цела Украина

Воздушната закана се прошири од централниот и јужниот дел на Украина кон западниот дел. Сега целата територија на Украина е под црвена тревога.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.