Во текот на претстојниот викенд времето ќе биде сончево со умерен северен ветер, што ќе придонесе благ пад на температурите. Во недела максималната температура ќе се искачи до 33-от степен, но вистинскиот пекол во Македонија не очекува од понеделник. Под влијание на топол бран од понеделник следува период на сончево и многу топло време, а дневната температура насекаде низ земјава ќе биде над 30-от степен.
Според УХМР особено треба да бидеме подготвени за в среда кога температурата ќе достигне максимални 39 степени Целзиусови.