Сопственик на фирма од Риека (25) нарачал од друга фирма и платил пари за неколку тони пелети, но испаднало дека е лажна фирма, па бил оштетен за неколку десетици илјади куни, соопшти полициската управа на Приморско Горанска.
Поради сомнение за сторено кривично дело измама на штета на риечка фирма, полицијата води кривична истрага, јавува bizportal.
Сопственикот на оштетената фирма на 1 септември на интернет пронашол фирма која продава дрвна маса за огрев, односно пелети и преку мобилна апликација контактирала со непознато лице и договорил набавка на неколку тони пелети.
Уплатил неколку десетици илјади од сметката на неговата компанија и договорил датум за испорака, но во меѓувреме дознал дека неговата нарачка е откажана, дека се работи за лажна фирма, а парите не му се вратени.
Полицијата ги предупредува граѓаните да внимаваат да не станат жртви на инвестициски измами и да бидат добро информирани или да бараат стручни финансиски советници пред да вложат пари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.