Пендаровски го промени ставот: Уставните измени очекувам да се случат кон крајот на септември

Претседателот Стево Пендаровски е во еднодневна посета на Пустец, Албанија, каде што беше пречекан од неговиот колега Бајрам Бегај. И двајцата ги посетија основното и средното училиште кое функционира во оваа општина и тука учениците учат на македонски јазик.

Токму на овој јазик претседателот Пендаровски подари неколку книги. И двајцата на прес-конференцијата зборуваа за Отворен Балкан како добра иницијатива и во интерес на Западен Балкан, но дека уште подобро би било да се вклучат сите шест земји од Западен Балкан.

На исто мислење е и претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. Тој рече дека се додека оваа иницијатива ги исполнува барањата и потребите на граѓаните за слободно движење, нека продолжи. Меѓутоа за ова вели дека одлучува извршната власт.

„Ако се работи за економска иницијатива која ги опфаќа сите земји од Западен Балкан и ги олеснува бирократските процедури, го олеснува движењето на стоки и луѓе, очигледно како и секоја друга регионална иницијатива, тие се добри. Политичката извршна власт одлучува дали ќе продолжи иницијативата или не“, вели Бајрам Бегај.

Во контекст на посетата на Пустец, претседателот Пендаровски зборуваше и за потребата од уставни измени. Тој е свесен и граѓаните се свесни, според него, кој е против, а кој е за уставните измени во Собранието. Очекува се да биде завршено до крајот на септември, а не на 18 август за кога е закажана собраниската седница за гласање на уставните измени. Според него, сè треба да биде готово до крајот на ноември, поточно на 30 ноември, кога треба да биде завршен целиот европски скрининг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.