Јас како поранешен претседател бев двапати во Кочани и запалив свеќа за починатите, да сум претседател дотолку повеќе би отишол, истакна во гостување во поткастот „Политиканти“ на Инфомакс поранешниот претседател, Стево Пендаровски.
– Чудно е зошто никој од функционерите не отиде веднаш во Кочани, тоа е лична одлука но јавните функционери се платени и да поднесуваат такви ситуации и гнев од народот, бидејќи се платени од народот, вели Пендаровски.



