Пендаровски за РТШ: Албанците се уште не се рамноправни со своите браќа Македонци

Стево Пендаровски е задоволен од добиените гласови во вториот круг што го направија претседател. Кратко по завршувањето на гласањето и додека гласовите се уште се пребројуваа, за Албанската Радио Телевизија тој успеа да го искоментира првиот круг од гласањето.
Во неговата анализа за текот на изборниот процес, меѓу другото, Пендаровски посебно внимание посветува за Албанците при што вели дека Северна Македонија е подобро место и за Албанците, во однос со претходните години и за тоа зборуваат бројките.
И покрај се, додава Пендаровски, Албанците се уште не се 100 проценти рамноправни со нивните браќа Македонци.
– Да, Македонија денес е подобро и тоа се гледа по бројките кои можат да се проверат, со албанските министри во владата на пример. Во 2001 и 2002 година по потпишувањето на Охридскиот договор, во целата државна админстрација ние имавме Мaкедонци, а само 2,4 отсто Албанци во сите институции на државата, а денес имаме над 19 проценти застапеност во овие институции, и за една земја со многу ограничени финансиски средства, ова е голем чекор напред. Несомнено, јас не можам да кажам дека Албанците се 100% еднакво застапени со своите македонски браќа во оваа земја, но можам да кажам со полна уста, дека се во многу подобра позиција од пред години или од првата деценија по независноста, рече Пендаровски.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.