Пендаровски на Борисов: Љубави како си? Е, поздрав од Зоки…

Претседателот Стево Пендаровски кој завчера учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади во Сараево имаше повеќе неформални средби, меѓу кои и со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со српската премиерка Ана Брнабиќ. И додека со премиерката Брнабиќ, бидејќи им е прва средба само се запознава, според видеото што е објавено на социјалните мрежи, Пендаровски има многу близок пријателски однос со бугарскиот премиер. Сепак, иако станува збор за неформална средба, изненадува “дипломатскиот јазик“ на комуникација со Борисов.
– Љубави како си? Е, поздрав од Зоки.. Се зборовите со кои Пендаровски му се обраќа на Борисов.
Во второто видео Борисов говори за “северомакедонскиот президент“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.