Пендаровски нема намера да го смени Муслиу

По изборот на Ерол Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање и реакциите на ДУИ, се огласија и од кабинетот на претседателот Пендаровски.
– Претседателот Стево Пендаровски веднаш по стапувањето на функцијата темелно разгледа повеќе предлози како можни решенија за позицијата директор на Агенцијата за разузнавање. По споредбените анализи на професионалните капацитети на сите кандидати, името на Ерол Муслиу се издвои како решение за извршување на оваа одговорна функција. Станува збор за врвен професионалец кој својата кариера ја градел во земјава и имал беспрекорна соработка со службите од сите сојузнички држави. За именувањето на Ерол Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање беа известени и партнерските служби од земјите членки на НАТО. Именувањето на Муслиу е позитивно оценето од службите на сојузничките земји, одговорија од Кабинетот на Пендаровски за ТВ “Пресинг“.
Реакцијата доаѓа откако Бујар Османи изјави дека ДУИ е загрижен по одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање.
– Вчерашната одлука на претседателот ги вознемири сите. Мислиме дека тоа беше одлука донесена од недостаток на информации, изјави Османи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.