Неверојатно е зошто во политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат што навистина се случи во петокот.
Во нивното најново соопштение, освен примитивни дисквалификации по кои се препознатливи во јавноста, тие го критикуваат претседателот на државата затоа што побарал одговорност за организаторите на собирот на кој беше истакната карта на „Голема Албанија“, не беше интонирана македонската химна, ниту беше истакнато државното знаме, наведува претседателот Стево Пендаровски по повод реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за неговиот став околу посетата на косовскиот премиер Албин Курти.
Очигледно, оценува Стево Пендаровски, за ВМРО-ДПМНЕ, се поважни надлежностите на општините и Градот Скопје, отколку заштитата на националните интереси на државата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.