ПЕНДАРОВСКИ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – НОВИ 14 ДЕНА

ПЕНДАРОВСКИ ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – НОВИ 14 ДЕНА

Наместо 30 шефот на државата донесе одлука за нова вонредна состојба од 14 дена. Ова е различно од барањето на Владата која побара нови 30 дена (како да им се уарни). Ова е одлуката на Претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбеденост.

Шефот на државата очекува владата во овој период постепено да ги укинува рестриктивните мерки. Значи до 30 мај ќе трае продолжена вонредната состојба.

До 14 јуни 2020 година забрана за летови од Македонија кон Грција и обратно

-Три пати размислив за овие нови 14 дена. И навистина ова што го чув од претседателот на Комисијата, можам да цитирам и други членови на Советот за безбедност, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев праша дали ќе се продолжи вонредната состојба, зошто јас како врховен командант имам потпишано наредби за ангажман на армијата. Во изминативе два месеци помеѓу 600 и 500 припадници на армијата беа ангажирани во поддршка на полицијата. Ако нема вонредна состојба, ако не продолжуваме сите тие се враќаат во касарни – рече Пендаровски.

Општиот впечаток на Советот за национална безбедност е дека државата успешно се справува со здравствениот предизвик и дека сите досегашни мерки даваат конкретни резултати.

Претседателот тврди дека одлуката за продолжување на вонредната состојба нема корелација со датумот за избори. Пендаровски вели дека ДИК не е таа што одлучува за датумот за избори туку тоа е одлука на политичарите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.