Пендаровски се сретна со Али, берберот од Чаир што продаде БМВ Х5 за да им купи храна на гладните

На средбата Февзи го запозна претседателот Пендаровски со неговата иницијатива за донирање на поединци и семејства во социјален ризик, што беше интензивирана по почетокот на пандемијата на Ковид-19.
Али својата хумана мисија ја започна преку донирање на намирници од сопствени средства, по што на неговата иницијатива се приклучија поединци и организации.
Споделувајќи ги предизвиците со коишто се соочува во неговата активност, тој на средбата посочи дека бројот на поединците и семејствата на коишто им е потребна помош постојано се зголемува и поради тоа ја истакна потребата за зголемување на поддршката од други хумани граѓани, организации и институции.


Претседателот Пендаровски оддаде признание за активизмот, хуманоста и солидарноста на Али и изрази очекување дека неговата работа ќе биде пример за други поединци, организации и општествено одговорни компании, согласно можностите, да помогнат на оние што се најмногу погодени од кризата по почетокот на пандемијата.
Во сторијата која ја објавивме хуманитарецот Али ги повика политичарите и надлежните да му помогнат во неговата мисија бидејќи тој посочи дека не може сам да постигне ниту финансиски, ниту физички.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.