Пендаровски следната недела ќе престојува во Париз, официјална потврда за средба со Макрон – нема

Претседателот Стево Пендаровски следната недела ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен форум на кој ќе биде и францускиот претседател Емануел Макрон.
Од кабинетот на шефот на државата велат дека засега нема официјална потврда за средба со Макрон. Претседателот Пендаровски вчера во изјава за медиумите рече дека се прават напори да се добие средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република. Истакна дека дипломатијата продолжува со евроинтеграциите и дека фокусот е Франција.
-Правиме усилби практично од првиот ден, практично веднаш по последниот бриселски самит на ЕУ да добиеме средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република и директно со претседателот Макрон и со луѓето околу него што точно побаруваат од нас и да ја надминеме таа крајно непријатна ситуација, рече Пендаровски.
Тој посочи дека во наредниот период треба да добиеме посилен сигнал дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит пред се Франција.
Пендаровски во Париз ќе престојува на 11,12 и 13 ноември, а на Форумот, на кој се очекуваат повеќе од 30 шефови на држави и влади, обраќање ќе има на 12 ноември.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.