Пенелопе Круз во тиркизна боја изгледа нереално добрo!

Во текот на кариерата се најде на бројни листи за најубава жена во светот, а таа титула ѝ припаѓа сѐ уште.
44-годишната актерка Пенелопе Круз синоќа повторно нѐ потсети дека нејзината убавина не избледува. Прекрасната Шпанка донела гламур на црвениот тепих, на специјалното прикажување на филмот “Loving Pablo”, во Западен Холивуд, во креација во боја која ѝ стои нереално добро.


Се зборува дека тиркизната боја е боја која добро им прилега на сите, затоа и не нѐ изненади многу тоа што една од најубавите жени во светот, во неа изгледа посебно добро. Пенелопе исто така направила и одличен избор со креацијата, која ги истакнала нејзините облини, но покажала и дека ги следи трендовите, бидејќи сега во мода е да го покажете едното рамо.
Со тиркизниот фустан, совршено искомбинирала и златни модни додатоци, поточно сандали и накит, а дополнителна доза на гламур ѝ додале нејзините холивудски локни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.