Потребни состојки:
300 милилитри свежо подготвено црно кафе
2 лажички органски путер
1 лажичка кокосово масло
1-2 лажички колаген протеин во прав
1/1 лажичка екстракт од ванила
Прстофат морска сол
Цимет, морско оревче или ѓумбир (по желба)
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер. Матете на максимална брзина 30-60 секунди или сè додека не добиете густа и пенеста мешавина. Уживајте веднаш!