Пензионерите не мора да одат во УЈП?

“Мислам дека УЈП ќе може да најде нешто посебно за овие пензионери, луѓе во години за да им излезе во пресрет. Работат на решение. Тоа е работа на УЈП, но лично јас апсолутно поддржувам за пензионерите да се најде нешто да немаат обврска да одат во УЈП”, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.
Новиот систем предвидува УЈП да ги изготвува годишните даночни пријави и електронски да ги доставува до секој корисник. Тој на шелтерите на УЈП треба да потврди дали пресметката е точна. Но, за  да функционира тоа неопходно е секој граѓанин да има електронска пошта пријавена во УЈП. 
Министерот за финансии, Тевдовски го поддржува решението со кое пензионерите кои немаат дополнителни приходи ќе се ослободат од обврската да се регистрираат во системот на УЈП. Иако новиот начин на поднесување даночни пријави треба да ги олесни процедурите, сепак за многумина електронскиот начин на регистрација претставува проблем. Тимовите за работа на терен, кои претходно ги најави Владата  дека ќе се формираат за да им помогнат на тие што не можат сами да се регистрираат во системот, веќе се екипираат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.