Американската војска денеска изврши напад во самоодбрана во источна Сирија, соопшти Пентагон, наведувајќи дека тој не е поврзан со тековното напредување на бунтовниците во таа земја.
Портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пет Рајдер изјави дека американската војска извршила напад за самоодбрана со ракетни фрлачи и тенк Т-64, откако проектили биле истрелани врз американските војници на позицијата Еуфрат, пренесе Ројтерс.
Рајдер истакна дека оваа акција за самоодбрана успешно ги елиминирала непосредните закани за американските војници и дека војската во моментов истражува кој ги нападнал американските сили. Тој рече дека силите поддржани од Иран претходно извршиле напади од областа.
Рајдер изјави дека во областа се присутни и сириски воени сили. Во Сирија има околу 900 американски војници кои се фокусирани на борбата против милитантите на Исламската држава (ИД) во регионот, пренесува Танјуг.