Пентагон подготвен! Ќе објави почеток на специјална операција во Црвеното Море

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за време на неговата турнеја на Блискиот Исток ќе го објави започнувањето на операцијата „Чувари на просперитетот“ за борба против заканите кои доаѓаат од Хутите во Црвеното Море, пишува порталот The War Zone, повикувајќи се на претставник на Пентагон.

Фредериксен: Треба да му се дозволи на Киев да користи западно оружје за напади во Русија
„Предлагам да ги прекинеме дискусиите за црвените линии. Најважната црвена линија беше помината кога Русите влегоа во Украина. Јас нема да ја прифатам оваа премиса и не можам да прифатам некој од Русија …
(Видео) Уште тогаш се знаеше дека нешто не чини: Како изгледаше пречекот на Касандра и Ранду во Скопје во 1998 година
Кораима Торес, на овие простори позната како „Касандра“ вчера стигна во Белград, кадешто ќе учествува во снимањето на телевизиска серија, а пречекот, долги години по нејзината популарност на Балканот, привлече големо внимание во …
  • Остин, кој ќе го посети регионот на почетокот на следната недела заедно со претседателот на Здружениот штаб на воздухопловните сили, генерал Браун, ќе го објави почетокот на операцијата „Проспер Гардијан“… Станува збор за меѓународна операција чија цел е обезбедување меѓународна поморска безбедност – цитира официјалниот портал.

Ден претходно, разурнувачот Карни собори 14 дронови кои летаа кон трговски брод во Црвеното Море. Според американската команда, беспилотните летала летале од областите на Јемен под контрола на Хутите.

Во средината на ноември, шиитското движење Ансар Алах (Хути) кое го контролира северен Јемен предупреди дека ќе изврши напади врз сите бродови поврзани со Израел во Црвеното Море и ги повика другите земји да ги повлечат своите екипажи од нив. По ова, некои бродски компании одлучија да го прекинат превозот преку Суецкиот канал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.