Во јавноста солг период се шушкаше дека нашата најпозната менекенка Катарина Ивановска и еден од нашите најдобри кошаркари – Перо Антиќ се во врска а потоа се покажаа како вистинити.
Имено, по подолго време криење од очите на јавноста, парот потоа реши да не се крие и почнаа да излегуваат заедно во јавност.
Катарина се разведе од својот сопруг со кого има две деца – синчето Вања и помалата ќеркичка Кира која ја крсти по својот татко – поранешниот ракометен репрезетативец Кире Ивановски.
Додека пак кошаркарот Антиќ во 2019-тата година се разведе од неговата сопруга, Ружица Максимовска после 13 години брак.
Тие заедно имаат три сина.
Катарина и Перо изгледаа многу среќни и заљубени, но љубовта заврши и парот стави крај на врската.
Имено според фотографиите кои ги објавуваат на своите Инстаграм профили, тие го поминуваат времето одвоено а веќе не се ни следат на споменатата социјална мрежа.
Шпекулациите за крах на врската започнаа неодамна откако парот престана да се појавува заедно во јавноста.
Ниту Катарина ниту Перо до сега не се огласија по овие вести за разделбата.